Во првите осум месеци на 2020 година до Министерството за внатрешни работи се поднесени 46 преставки за работата на полицијата, изјави вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостување на емисијата „24 Анализа” TВ 24.
– Минатата година за истиот период имало 33 преставки за работата на полицијата. Неосновани преставки ова година се 15, додека во 2018 биле 11 преставки. Делумно основани преставки годинава има една, додека минатата немало вакви преставки. Ова покажува дека ова година има зголемување на полициски службеници кои ги пречекориле своите полициски овластувања. Поведени постапки за утврдување на дисциплинска одговорност за првите осум месеци за 2019 се осум, додека за 2020 се девет постапки, рече Спасовски.
Во однос на врачени откази и суспендирани полициски службеници, министерот Спасовски рече дека за првите осум месеци во 2019 година немале суспендирани полицајци, додека ова година за истиот период има тројца суспендирани полициски службеници и еден врачен отказ.
Истовремено министерот Спасовски, вечерва говореше и за настанот на полициската бруталност кој пред неколку дена се случи во Битола. Тој истакна декна без разлика за каков настан се работи, не смее да има полициска бруталност.
Министерот Спасовски, уште најави дека за настаните во Чашка и Битола, заедно Факултетот за безбедност, ќе направат студија и врз основа на овие истражувања ќе се преземаат и превентивни мерки во двата аспекти.
– Во текот на оваа недела веќе е закажан првиот состанок на којшто ќе се покрене таа постапка, ќе се аргументира и ќе добиеме конкретно предлози што се поткрепени на научна основа и предлози што пред се ќе бидат и во делот на некаква споредбена анализа која што не е само во нашиот регион туку и пошироко, додаде министерот Спасовски.