Вучиќ: Нема српско оружје во Азербејџан

Претседателот на Србија ги посети завршните работи за изградба на објектот на галеријата „Белград“ во рамките на проектот „Белград на вода“, придружуван од претседателот на компанијата Игл Хилс од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Алабар.

По тој повод, одговарајќи на прашањето на новинарите, тој изјави дека нема српско оружје во конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.

На прашањето како е позиционирана Србија меѓу Азербејџан и Ерменија, Вучиќ рече дека се изнаслушал гадости дека е виновна Србија, бидејќи таму се убива со српско оружје.

„Таму нема оружје од српско производство. Ниту топови, ниту тенкови – ништо не е српско производство. Ние сакаме мир. Ова се наши два братски народи. Ние сакаме сето тоа да престане. Мирот е поважен од било што“, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави