Доста му беше фудбал, одлучи да војува

Вараздат Харојан, репрезентативниот бранител на Ерменија одлучил да ја прекине својата фудбалска кариера и да се врати во својата земја за да им се стави на располагање на војните власти. Деновиве ескалирааше судирот меѓу Ерменија и Азербејџан во областа Нагорно Карабах.

Харојан како слободен играч беше пред потпишување на договор со грчкиот АЕЛ, но се одлучил да ги прекине преговорите, бидејќи неможел да се обврзе  во ваква ситуација на повеќегодишен договор. Разговрите со екипата од Лариса биле завршени, останала само формалноста за потпишување на договорот. Репрезентативецот на Ерменија меѓу фудбалот и војната избрал да се стави на располагање за одбрана на својата земја.

 

Треба да знаете
Последни објави