Првата претседателска дебата во САД се оддржува вечерва, на 35 дена пред изборите, како вовед во главната трка и гласањето на 3 ноември. На дебатата учествуваат актуелниот американски претседател Доналд Трамп, републиканец и Џо Бајден, претседателски кандидат избран од демократите.
Американскиот изборен систем налага освојување на 270 електорални колеџи, а не мнозинство од гласовите, за кандидатот да ги добие изборите. Во 2016 година Хилари Клинтон, тогашна противкандидатка на Трамп, доби речиси три милиони гласови повеќе од него, но ги изгуби изборите во „фронтовите држави”, кои даваат поголем број на електорални колеџи.
Првата претседателска дебата во 2020 година, една од предвидените три, се оддржува во Кливленд, Охајо. На настанот ќе бидат спроведени коронавирус протоколи за социјално дистанцирање, додека кандидатите нема да се ракуваат.
Дебатата ќе ја модерира Крис Валас, еден од најпознатите американски ТВ водители, од телевизијата Фокс Њуз.
Бројот на присутните на дебатата е ограничен на 70 лица, многу помалку од вообичаната посетеност, додека сите присутни ќе бидат тестирани за Ковид-19 и ќе ги следат поставените безбедносни протоколи. Настанот започнува во 21 часот источноамериканско време и ќе трае 90 минути, без никакви комерцијални прекини.
Комисијата за претседателскии дебати постави шест главни теми: искуството на Трамп и на Бајден, Врховен суд, Ковид-19, економија, расните немири во градовите и интегритет на изборите. Секој дел ќе трае по 15 минути, а кандидатите ќе имаат по две минути за реплика во одговор на прашање поставено од модераторот.
Се очекува да бидат претресни неколку важни теми како најновиот скандал објавен од Њујорк тајмс дека во текот на 10 години, од 2000 до 2015 година, Трамп платил данок на доход во висина од само 750 долари. Потоа, критиката од Трамп дека Бајден е престар и сенилен за да ја извршува нормално претседателската функција. Одговорот на Администрацијата на Трамп на кризата со коронавирусот, Уставниот суд.
Потоа, кога се работи за изјавите и говорите на Трамп, ќе се обрне внимание на проверка на фактите искажани од него, и, секако, главната коска на политичкиот раздор ќе бидат расните немири и расизмот против малцинствата, посебно Афроамериканците, што ги тресат САД веќе четири месеци.
Следната дебата е закажана за 15 октомври, а ќе се оддржи во Мајами, Флорида.