Бали Бег сподели неодоливо семејно видео

Популарниот турски актер Бурак Озчивит, на кого се чини му остана името Бали Бег (според улогата што ја играше во серијата „Сулејман Величествениот“) ретко споделува семејни фотографии и не го експонира во јавност синот Каран, кого пред речиси 1.5 годинa го доби со актерката Фахрије Евџен (позната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“).

Деновиве Бурак ги изненади фановите на Инстаграм со прекрасна фотографија на која го држи синот во прегратка. Претпоставувате дека фотографијата доби повеќе од 1 300 000 лајкови за само еден ден, а емотивните коментари на обожавателите просто го топат срцето.

Според турските медиуми, Бурак е грижлив татко но се чини дека не се согласуваат со сопругата Фахрије Евџен околу начинот на кој треба да го воспитуваат синот.

Изминативе 2 недели многу се шпекулираше околу разводот на Бурак и Фахрије. Имено, медиумите наведуваа дека бракот е дефинитивно завршен. Актерката наводно паднала во депресија по смртта на нејзиниот татко, кој долго време се борел со рак на желудник.

Познатиот „Бали-бег“ сакал да ѝ помогне и се грижел за синот, но таа не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог. Како најголемиот проблем на најубавиот пар во Турција, како што често ги нарекуваат, се наведува воспитувањето на нивниот син.

Извор близок на парот, тврди дека двајцата немаат ист став за одгледување на детето, поради што многу често се во конфликт. Сепак, парот ги демантираше сите гласини за развод излегувајќи на опуштен заеднички ручек во познат истанбулски ресторан.

По ручекот поразговараа со новинарите и секако ги отфрлија сите шпекулации околу расправиите што наводно ги чуле соседите. Како доказ за семејната среќа е и видеото кое Бурак го објави викендов на својот инстаграм профил…

https://www.instagram.com/p/CFosBf-Jcvq/

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави