Денеска се одбележува Светскиот Ден против отпадот и загубите од храна. Во рамките на планот и програмата на ФЕБА и ФАО 1st International Day of Awareness of Food Loss and Waste (IDAFLW), организацијата „Банка за храна“ се одлучи да даде конкретен придонес кон одбележување на овој ден. Во Глобалната кампања и акција се вклучија Владата, претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери кои ѝ дадоа поддршка на иницијативата.
Во рамките на одбележувањето на 29 септември, „Банка за храна“ ќе реализира герила акции во три градови со цел да се сврти вниманието на јавноста. Група волонтери собрани пред депонијата „Дрисла“ во Скопје со подготвени промотивни банери, маици и лични пораки на самите волонтери ќе протестираат пред влезот на депонијата. Содржината на пораките на промо банерите е дека е забрането фрлање на храна и дека секој поединец што ќе помисли да фрли храна ќе биде спречен во намерата, со однапред подготвени информации за количините кои се фрлаат, наспроти потребата од фамилиите и лицата во социјален ризик кои не можат да си ја дозволат.
Денеска неколку групи – волонтери на БХМК соодветно одбележени со маици и елеци, со однапред подготвена жолта трака на која беше испишана поралата „СТОП за фрлањето храна“, запечатија неколку контејнери во Скопје, Кавадарци и Битола.