Како речипрочен одговор за недоамна воведената забрана за патување на неколку белоруски функционери, белоруското Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека воведува санкции за околу 300 претставници на балтичките држави, пренесе агенцијата Белта.
Британските медиуми јавуваат, повикувајќи се на соопштението на Министерството, дека на списокот ќе се најдат 100 службеници од секоја од балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија.
На 25 септември трите балтички земји воведоа забрана за патување за околу 100 белоруски официјални лица, додавајќи ги на списокот на функционери кои веќе се предмет на санкции, а во кој претходно беа белорускиот претседател Александар Лукашенко и уште 29 други официјални лица
Новиот список вклучува членови на интервентната полиција, судии на Врховниот и Уставниот суд и членови на претседателската администрација, соопшти кабинетот на литванскиот претседател.