Белоруските власти му забранија на независен портал да работи три месеци

Белоруските власти му забранија на независниот информативен портал „Tut.by“ да работи во наредните три месеци. овој портал активно ги следи протестите кои се одржуваат катадневно прптив претседателот Александар Лукашенко.

Белорускот министерство за информации потврди дека сајтот има забрана за работа од 1 октомври до 30 декември. Оваа провремена забрана за работа е донесена во рамките на судската постапка  која ја покренало министерството поради пласирањето на информации чии емитување било забрането.

Белорусија ја тресат протести од почетокот на август откако Лукашенко доби нов мандат да ја води државата со која владее од 1994 година. Главните опозиционери и новинари се притворени или принудени да ја напуштат државата.

Порталот „Tut.by“, е основан во 2000 година и е главната независна медиумска организација во Белорусија, која претходно била мета на партиски притисоци. Порталот известува за протестите, емитува видео снимки, објавува фотографии од собирите на опозицијата и жртвите на репресијата од власта.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави