Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во Иран денеска го надминаа прагот од 450.000, со потврдени нови 3.677 случаи во последните 24 часа, изјави за државната телевизија портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, а бројот на починати достигна 25.986. Таа истакна дека во изминатото деноноќие починале 207 луѓе, додека бројот на заразени достигна бројка од 453.637 лица.
Бројот на заразени случаи со коронавирус се зголемил во речиси секоја од 31 провинција, но претседателот Хасан Рохани минатата недела изјави дека Владата не планира да воведе целосен карантин иако е регистриран пораст на инфицирани лица.
Меѓутоа, иранските власти најавија дека некои рестриктивни мерки повторно ќе бидат воведени во Техеран и некои други градови, кои се класифицирани како „црвени”, што е највисока категорија на скалата во однос на коронавирусот.