Ве известуваме дека заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес (29 септември, вторник) ќе присуствува на настан за претставување на Индексот на бирократија – дел од Проектот „Конамалување на бирократскиот товар” во организција на „Македонија 2025″.
Настанот ќе се одржи во хотел „Мериот”, изјави за медиумите се планирани во 10:50, а официјалниот дел во кој се планирани обраќањата на вицепремиерот Битиќи, главниот извршен директор на „Македонија 2025″, Никица Мојсоска Блажевски и презентацијата на Индексот на бирократија ќе започнат во 11:00 часот.Ги покануваме претставниците на медиумите да снимат изјава на вицепремиерот Битиќи и да го проследат неговото обраќање на настанот на кој ќе биде презентиран Индексот на бирократија, со почитување на сите протоколи за спречување и заштита од коронавирусот, носејќи заштитни маски и одржување на дистанца.