На денешната владина седница беше донесена одлука за продолжување на рокот на отплата кај кредитите од Посебниот кредитен фонд (ПКФ)-Ковид 1, односно од Фондот за Енергетска ефикасност , односно продолжување на грејс периодот не повеќе од три месеци, како и соодветно продолжување на рокот на отплата на главницата не повеќе од три месеци.
Од владината прес-служба соопштија дека на предлог на Развојната банка на Северна Македонија, Владата денеска ја разгледала Информацијата за потребата за продолжување на рокот на отплата кај кредитите од Посебниот кредитен фонд (ПКФ)-Ковид 1, односно од Фондот за Енергетска ефикасност чии средства се пласираат под условите на ПКФ.
– Владата го задолжи Министерството за финансии да склучи Анекс кон Договорот за администрирање на посебниот кредитен фонд (ПКФ) бр.21-307/1 од 24.01.2011 година со кој ќе се овозможи, на барање на крајните корисници да може да одобрува продолжување на грејс периодот не повеќе од три месеци, како и соодветно продолжување на рокот на отплата на главницата не повеќе од три месеци, информираа од владината прес-служба.
Имено, како што наведоа од прес-службата, Владата ја задолжила Развојната банка на Северна Македонија на компаниите од приложените список 1, список 3 и список 4 кои не ги склучиле договорите за кредит и не воспоставиле обезбедување да им дадат дополнителен рок од 10 дена за склучување на договорите за кредит и воспоставување на обезбедување, по што доколку не постапат ќе се смета дека се откажале од склучувањето на договорот и се бришат од списоците на одобрени кредити.