Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година со акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година, информираат од прес службата на Владата на РСМ.
Воедно, со ова одлука Владата ги задолжени сите надлежни министерства и институциите одговорни за спроведување на програмата за економски реформи, да достават предлози на активности и рокови за нивна реализација преку кои ќе се исполнат заедничките заклучоци наведени во акцискиот план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог од 19 мај 2020 година.