ЛА Клиперс ја прекина соработката со тренерот Док Риверс по седум години откако екипата претрпе елиминација во втората рунда од разигрувањата во НБА лигата.
Раното испаѓање од плејофот се смета за голем неуспех со оглед на тоа дека Клиперис со Кавај Ленард имаа високи амбиции и целеа на титулата. Денвер нагетс му пресуди на експредводникот на Бостон откако тимот од Колорадо предоден од Јокиќ и Мареј надополни 3-1 негатива во серијата и се пласира во конференциското финале.
Како и да е, Риверс нема многу да чека на нов ангажман, бидејќи за неговите услуги интерес покажаа Филаделфија и Њу Орлеанс. Риверс во ниту една од седумте сезони не успеа да го протне Клиперс подалеку од втората рунда во плејофот, додека во кариерата има една освоена титула со Бостон селтикс во 2008 година.