Димитров на средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ денеска оствариле средба на која ги разгледале можностите за проширување на соработката преку иницирање на заеднички напори за дизајнирање и реализација на проекти во рамките на различните финансиски инструменти на ЕУ.

Како што посочил Димитров, Хрватска се смета за еден од партнерите со огромен потенцијал за развој на билатералната проектна соработка, со фокус на пристапните преговори.

-Знаењето и вештините кои што ги добиваме од хрватските експерти се особено корисни за јакнење на нашите капацитети за пренесување на европските стандарди и практики дома, појаснил вицепремиерот.

Димитров на средбата ја истакнал и важноста на Хрватска за нашата европска агенда, потенцирајќи го историскиот двоен момент – првото хрватско претседавање со ЕУ во чии рамки се донесе одлуката за почеток на преговори на Северна Македонија со Унијата.

Треба да знаете
Последни објави