Ереван тврди дека турски Ф-16 соборил ерменски воен авион

Турски авион ловец Ф-16 собори авион Су-25 на ерменското военовоздухопловство во воздушниот простор на Ерменија, при што загина пилотот, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Според ерменското Министерство за одбрана, турскиот Ф-16 навлегол 60 километри во воздушниот простор на Ерменија, а во исто време на небото дејствувала ерменската авијација, но турскиот авион успеал да собори ерменско летало.

Но, веста за соборување на ерменски воен авион од страна на турски ловец Ф-16 ја демантираа портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави