Околу 2,2 милиони луѓе останаа без работа поради строгите регулативи за сузбивање на коронавирусот во Јужна Африка, покажуваат најновите податоци објавени денеска од агенцијата за статистика.
Официјалната стапка на невработеност се намали на 23,3 проценти во вториот квартал, во споредба со 30,1 процент во првиот квартал, објави јужноафриканската агенција за статистика „Статс СА”.
Причината за падот е што стапката на невработеност ги брои само оние луѓе кои активно бараат работа, што беше делумно невозможно поради пандемијата.
Економијата на Јужноафриканската Република, втора по големина во Африка, страда поради едни од најстрогите мерки за коронавирусот во светот.
Економијата веќе беше во рецесија и пред пандемијата. Милиони луѓе сега се борат да преживеат и сиромаштијата вртоглаво се зголеми во последните неколку недели.