Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма ги повика сите кои бараат вонреден конгрес за негово разрешување, да поднесат иницијатива до органите на партијата.
-Сите што бараат моја оставка, нека достават иницијатива за вонреден конгрес до партијата. Ако органите на партијата одлучат да има вонреден конгрес, секако треба да има. Ако има вонреден конгрес, јас нема да се кандидирам. Но, јас тоа го понудив, а Централниот конгрес тоа го одби. Сега јас не можам да одам против волјата на партијата. Јас сум последниот браник против криминалот и корупцијата. Последниот браник од оние кои беа длабоко инволвирани во Рекет, оние кои ја задолжија држвата, оние кои ја банкротираа Еуростандард…, рече Мицкоски.