Рентген техничар на Институтот за радиологија(рентген институт) во Скопје кој е позитивен на коронавирусот три дена доаѓал на работното место иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19.
Поради тоа на Институтот за радиологија се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, вработени пренесува НОВА според извори од ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер.
Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.