За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат во среда во 3 часот наутро.
Актуелниот претседател на САД и поранешниот американски потпретседател во предизборно соочување ќе одговараат на прашања поврзани со работниот ангажман, Врховниот суд на САД, пандемијата на коронавирус, американската економија, за насилството во САД и интегритетот на изборниот процес.
Тоа ќе биде судир на големите противници кои немилосрдно се обидоа да се дискредитираат среде предизборна кампања преку медиумите и социјалните мрежи, особено ако се земе предвид Трамп кој во многу случаи користеше навредливи зборови за поранешниот заменик Барак Обама.
Просекот на националните предизборни анкети вели дека Бајден води пред Трамп во однос 51-43. Исто така, сите најголеми национални анкети се во прилог на Бајден.
Трамп е под нов притисок во медиумите за неплаќање данок. Најновите податоци за распределбата на даноците, објавени од Њујорк Тајмс, покажуваат дека милионерот Трамп издвоил само 750 долари во првата година од претседателствувањето, што е околу 640 евра.
Според агенциите, ова веројатно ќе биде една од најинтересните јавни дебати во оваа деценија, особено со оглед на силните поделби во американското општество кои излегоа на површина во последните четири години од владеењето на Трамп.