Гинекологот Хатије Исмалили по потекло од Гостивар е изгласана на најдобар доктор за 2020 во Словенија, во конкуренција на 2014 лекари од земјата. На традиционалниот избор за лекарите во 10 категории гласаат пациентите, а Исмаили победи во главната категорија Мој доктор и во категоријата Мој гинеколог.
Порталот ГОСТИВАРПРЕС.МК објави дека Исмаили е родум од Гостивар каде завршила гимназија, Медицински факултет завршила во Ријека, Хрватска, а по дипломирањето живее и работи во Словенија.
Наградите на десетмината добитици вчера им ги врачи претседателот на Словенија Борут Пахор, а според соопштението на неговата официјална фејсбук страна, притоа Исмаили искрено им се заблагодари на пациентите за довербата и рече дека наградата е охрабрување и за продолжување на нејзината мисија.