Националниот штаб за заштита оваа недела ќе побара нови мерки против ширењето на коронавирусот во Хрватска, вклучително и контроверзен предлог со кој треба да се намали музиката во кафулињата и баровите. Шефот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, се обиде да ја објасни оваа мерка во интервју за ТВ Нова.
– „Кога бучавата е голема, природно е човекот што сака да разговара со некого да му пријде поблиску на соговорникот за да го слушне подобро. Тој не може да остане на растојание. Покрај тоа, обемот на говорот е засилен. Кога викате, се зголемува и аеросолта, која патува побрзо и инфекцијата се шири полесно. Логично е да се намали бучавата во кафулињата и ноќните клубови за луѓето да можат да комуницираат. Бучавата треба да остане, но не мора да биде премногу гласна, за луѓето да можат да комуницираат, рече Чапак.
Тој посочи дека веќе е пишувано за поврзаноста помеѓу ширењето на коронавирусот и нивото на бучава. – Не знам дали некој забележал, но работата е логична. Ако има повеќе бучава, луѓето се приближуваат и зборуваат погласно, рече Чапак.