Aвторот на фотката од Лешница што ја објави Рама: Така е кога никој не ме прашува

Младиот Африм Тахирај од Албанија е авторот на фотографијата од водопадите во Лешница на Шар Планина, а која албанскиот претседател Еди Рама ја објави на својот Фејсбук профил со коментар„Прекрасната Албанија“.

Радиомоф.мк“ го контактираше Тахирај, кој во своето слободно време посетува планини, а фотографиите од патешествијата ги споделува на Инстаграм. Тој има роднини во Бозовце, каде бил на прошетка пред една недела. Веднаш по посетата, споделил неколку фотографии на својот Инстаграм профил со кои го пренесува своето воодушевување од местото.

https://www.instagram.com/p/CFaO5NvghYx/

https://www.instagram.com/p/CFaO5NvghYx/

Проблемот настанал кога фотографијата почнала да се споделува без опис. Па, така стигна и до премиерот Рама.

„Така е кога никој не ме прашува кога ги споделува моите фотографии“, забележа тој кога му се обративме.

Инаку, Лешница има и во Албанија, посочи тој.

Треба да знаете
Последни објави