Тајрон Лу и Џеф Ван Ганди се кандидати за нов тренер на ЛА Клиперс

Екипата на Лос Анџелес клиперси е во потрага по нов трнер, откако вчера се раздели со Док Риверс, кој беше предводник на тимот веќе седум години.

Според неколку медиуми во САД, асистентот на Клиперс, Тајрон Лу и Џеф Ван Ганди, се натпреваруваат за испразнетото место.

Лу ги предводеше Кливленд кавалирс до титулата во лигата 2016 година.

Ван Ганди има стапка на победа во кариерата 57,5 проценти, но не е тренер во НБА од 2007 година.

Треба да знаете
Последни објави