Тијана Дапчевиќ (44) ужива во Драчево, од каде сподели видео со своите следбеници на Инстаграм каде прави ајвар со нејзиниот татко Велко Тодевски.
Поп-пејачката и нејзиниот татко ги воодушевија луѓето со начинот на комуникација, како и со бакнежот на Тијана со кој таа покажа нежност кон својот родител.
– И после велат ние пејачите дека се плашиме и не знаеме како да работиме – вели Тијана на почетокот на снимката.
– Не се плашиме од оган, сакаме да правиме ајвар – рече пејачката, по што го бакна својот татко.
„Ајварот е малку лут“, прокоментира нејзиниот татко.
– Па, малку лут … И треба да биде! Дали сме Македонци или што сме? – одговара Тијана.
Патем, не е познато кој има подобра маица – дали Тијана која носи со ликот на Владимир Путин, или нејзиниот татко кој има две кригли пиво на маичката со порака „Сакам пиво“.
https://www.instagram.com/p/CFt0-1TB8-4/