Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес во Берлин ја започна дводневната работна посета на Германија со средбата со Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Франк Штајнмаер.
Димитров информираше за приоритетите на новата Влада чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.
„Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која што ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани“, рече Димитров.
Соговорниците се согласија дека усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес.