Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска, утре на првиот школски ден во 9 часот ќе го посетат основното училиште „Јан Амос Коменски” во општината Карпош. Владините претставници ќе бидат придружувани од градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и ќе се обратат пред учениците по повод првиот училиштен ден.