Германската канцеларка Ангела Меркел денеска укажа на фактот дека долгогодишните тензии меѓу Турција и Грција, можат двете земји да ги доведат на работ на конфликт, и тоа на само два месеци откако веќе интервенираше во спречувањето на воената конфронтација меѓу двата соседа во Егејско море.
-Во некои ситуации е многу тешко да се замисли колку е мало растојанието меѓу воен конфликт и мирно решение, рече Меркел на седницата на Долниот дом на германскиот Парламент пред утрешниот состанок на Европскиот совет, јави Дојче веле.
Тензиите меѓу Анкара и Грција и грчко-кипарската страна, според Меркел, се многу високи.
Меркел, исто така, кажа дека Турција покажува извонредни напори во сместувањето на бегалците, критикувајќи ја Грција за неодамнешните настани во логорот Морија на островот Лезбос.
-Треба внимателно да ги избалансираме нашите односи и да се фокусираме на соработката, рече германската канцеларка, опишувајќи ги односите со Турција како повеќедимензионални.