Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија оствари средба со амбасадорката на Канада во заминување, Н.Е. Кетлин Чаба, со придружна делегација од Амбасадата на Канада, со седиште во Белград.
На средбата, меѓу другото, беше потврдена меѓусебната поддршка при справувањето со пандемијата Ковид-19. Притоа, канадската амбасадорка изрази благодарност на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за поддршката околу враќањето на канадските државјани во својата матична земја во екот на пандемијата.
Двајцата соговорници разменија мислења за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, при што беше посочено дека и во иднина ќе се работи на продлабочување на соработката, а со идниот амбасадор ќе се разгледаат и можностите за безбедносна соработка, како сојузници во НАТО алијансата.