Владата на Велика Британија се обидува да спаси што е можно повеќе работни места, но нема да може да го спаси секое работно место, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
– Правиме се што е во наша моќ да го спасиме секое работно место во земјата. Но, се разбира, ситуацијата е тешка и … за жал, не можеме да ја зачуваме секоја работа, одговори Џонсон на прашањето за околу 200.000 работни места во лондонскиот сектор за угостителство, што ќе бидат загрозени кога ќе завршат принудните годишни одмори во октомври.