Поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“ побара оштета од милион евра оти бил прислушкуван дека намерно биле монтирани процеси против него.
Според него, во периодот од 2008 до 2015, додека работел во приватна фирма, од вработени во УБК бев предупреден дека неговите комуникации се следат, а во 2009 година добил информации дека незаконски се барале ПИ-мерки против него.
-Овие незаконски следени комуникации беа искористени полициски да се монтира случај против мене и уште неколку други лица каде единствен доказ е дека јас сум се познавал со двајца адвокати. Во сите случаеви на УБК и БЈБ е прекршен Законот со снимање на спектакуларни апсења, со лажни сведоци, со незаконски прислушкувани разговори. Со овие постапки се кршел Уставот и Законот од страна на УБК каде шеф беше Сашо Мијалков, а министер на МВР беше Гордана Јанкулоска, рече Богоевски.
Тој рече дека него му е предизвикана голема штета.
-Незаконски бев во притвор сум месеци. И денес ги трпам последиците донесени од судот по наредба на Мијалков. За сите средби на Мијалков со сите обвинители и судии кои учествувале во овој предмет имам докази. Имам писмени искази заверени на Нотар кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушкувани разговори. Барам на име материјална штета милион евра. За нематеријалната штета дополнително ќе се произнесам, истакна сведокот Богоевски.