На социјалните мрежи се појави видео кое наводно му припаѓа на Министерството за одбрана на Азербејџан, на кое се гледа напад со дрон врз ерменски војници.
Според прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан, резервните сили на ерменската армија биле откриени и уништени со дронот.
„Нашите единици ги открија и уништија резервните сили кои пристигнаа за помош“, соопшти азербејџанското Министерство.
NAGORNO KARABAKH: Azerbaijan's MoD release footage of a drone strike against a gathering of soldiers unloading a truck. pic.twitter.com/FYehSaFcr5
— Conflict News (@Conflicts) September 30, 2020
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнувањето на борбени дејства.
Во Ерменија е воведена воена состојба, објавена е општа мобилизација, а на мажите на возраст од 18 до 55 години им е забрането да ја напуштат земјата. Во Азербејџан е воведен полициски час.