Генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш побара од богатите земји на виртуелен состанок итна „финансиска инјекција“ од 15 милијарди долари за купување и дистрибуција на идната вакцина против коронавирусот на најсиромашните земји.
Механизмот за меѓународна соработка е воспоставен под закрила на Светската здравствена организација (СЗО) за развиените земји да немаат монопол врз лекувањето, тестовите и идните вакцини против коронавирусот.
Тој механизам (АЦТ акцелератор) засега доби 3 од 38 милијарди долари кои се неопходни за финансирање две милијарди дози вакцини, 245 милиони терапии и 500 милиони тестови до крајот на 2021.
САД и Европската Унија однапред нарачаа за себе повеќе од две милијарди дози вакцини кај разни произведувачи и ним ќе им стигнат првите испораки.
Германија денес најави финансирање на механизмот со околу 100 милиони евра од веќе ветените 675 милиони евра, а Британија најави дека ќе издвои до 250 милиони фунти.
Гутереш повтори дека вакцината треба да биде „светско јавно добро“.
Според последниот биланс, во светот од коронавирусот умреле 1.012.093 лица, заразени се 33 милиони и 719.740 луѓе.