Болницата „8 септември“ од Ковид Центар полека се враќа на своето редовно работење. Од почетокот на месецов почнaa и редовните прегледи во амбулантите меѓу кои и кардиолошките.„ 24 инфо“ го праша доктор Владимир Ристовски лекар кардиолог во болницата за тоа како се работеше во услови кога болницата беше Ковид Центар, како се справуваа со напливот на пацинети, се правеа ли интервенции на ковид позитивни пацинети и кака сега се работи во новата реалност…
Болницата од почетокот на месецов полека се враќа во нормала иако се уште имаме притисок да бидеме ковид центар. Сеуште имаме притисок од останатите болници во државата за третман на овие пациенти иако секоја болница треба да има свој тријажен центар и дел за третирање на овие пациенти.
Полека се враќаат прегледите во амбулантите, првично беше отворена една кардиолошка амбуланта, но со оглед на тоа што се зголеми бројот на пациентите и нивната доверба кон нас, дополнително без отворени и втора и трета кардиолошка амбуланта. Почнаа да функционираат сите кардиолошки неинвазивни и инвазивни процедури како и нормалното функционирање на двете ангиографски сали.
Приемот и прегледите на пациентите се врши со посебни протоколи, мерење на температура, сите пациентит се со лични заштити маски, нормално одржување на растојание во чекалните, а се зголеми и временски должината на прегледите се со цел да не се прават поголеми гужви во чекалните. Сите пациентит што се примаат во болница за изведување на било какви селективни процедури мора да бидат со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, освен итните состојби кој се третираат и пациентите се изолираат во посебни болнички капацитети.
Постепено се прилагодуваме на овие посебни протоколи на работа, се враќа желбата и вољата кај моите колеги да го работат она за што се професионално обучени , кардиологијата, но ова се однесува и на останатите колеги од останатите интернистички гранки ( пулмологија, гастреонтерохематологија и др). Досега бевме активно вклучени директно во третманот на пациентите со КОВИД 19 иако тоа е инфектолошка болест, но со оглед на недостатокот на инфектолози во нашата установа бевме приморани да ја превземеме главната одговорност за лекување и третман на овие болни.
Како беше изминативе шест месеци како се работеше со пацинети болни со ковид 19?
Изминатите шест месеци беа месеци исполнети со многу предизвици, страв, исчекувања , месеци поминати со многу вложен труд кон пациентите, напорна работа во скафандери на високите летни температури, борба кон вирус за кој што многи малку се знаеше. Секој поминат ден беше плус искуство како да ги третираме овие болни. Голема благодарност до медицинските сестри кој што несомнено вложија голем труд , без кој што ние нема да сме тоа што сме .
Овие месеци беа исполнети со среќа кога ќе излекувавме некој пациент, но и со тага кога ќе се изгубеше нечиј живот. На почетокот на летото во пикот на бранот од ковид 19 во нашата земја поголем дел од моите колеги беа заболени, некој со полесна, други со потешка клиничка слика, беа ангажирани и одреден број на лекари и сестри од внатрешноста за испомош. Одреден број колеги и до ден денес ги чуствуваат последиците од болеста.
Меѓутоа не е само медицинскиот кадар херој во оваа состојба, сите ние сме херои тука, почнувајќи од продавачот на леб кој ги снабдува луѓето со основни прехранбени производи, па се до армијата и полицијата која што треба малку поинтензивно да поработи на состојбата, бидејки доколку презентираме одлична работа заедно и мегусебна соработка , се надевам, секогаш сум оптимист, дека ќе излеземе како победници од оваа состојба.
Имаше ли случаи кога мораше да се вградуваат стентови или да се прават коронорографии на пацинети кои се позитивни на ковид?
За цело време во изминатиов период бевме единствени во државата кој што ги работевме сите инфаркти или други акутни загрозувачни кардиолошки состојби кај пациенти кој што беа позитивни или суспекти за вирусот КОВИД 19. Се препраќаа пациенти од целата држава, бевме организирани во два тима кој што покриваа 24 часа 7 дена во неделата,
Овие тимови не само што беа активно вклучени на повик 24/7 за инфаркти туку и активно вклучени дополнително во 24 часовни дежурства.
Останатите центри во државата да не кажам “бегаа“од овие пациенти, што сеуште се случува и сега иако секоја болница треба да има свој тријажен центар за лекување на овие пациенти, но за жал тоа уште до ден денес се нема случено.
Беше комплетно запрен елективниот програм за коронарографии, се реализираа само за итни пациенти. Беа реализирани околу стотина итни коронарографии кај пациенти позитивни на КОВИД 19.
Пациентите се работеа во посебна ангографска сала, со посебни мерки на заштита на персоналот, повеќе личевме на космонаути него на лекари, но тоа е што е, се надевмае дека брзо ке се вратиме во нормала.
Беа хоспитализирани пациенти од различна возраст, од рани триесети до пациентит со длабока старост. Беа вложени максимални напори од медицинскиот перонал за секој пациент поединечно.
Како се справувате со ситуацијата, има ли страв кај колегите и кај тебе бидејки има многу медицнски персонал кој е заболен?
Во моментов мислам дека немаме некој поголем проблем во однос на заболување на медицинскиот персонал. Сите овие месеци научувме како да се придружуваме кон мерките за лична заштиа, правилно користење и употреба на заштитна опрема, како правилно да пристапуваме кон овие пациенти, времетраењето на експозиција на коронавирусот. Се разбира дека и искуствотто што го добивме овој период ни дава за право да имаме и свои правила и начела за заштита од коронавирусот.
Стравот е мислам надминат, а се надевам дека разумот, искуството и знаењето ќе надвладее кај сите нас во однос на лекувањетои третманот на овие пациенти.
За или против вакцинација кога ќе се појави вакцината?
Нормало дека сум за вакцинација. Мислам дека вакцинацијата ќе го успори и или ќе го искорени ова заболување ако се раководиме во однос на минатото кога за одредени заразни болести се вршеше масовна вакцинација на населението, а благодарение на тоа многу болести веќе се и искоренети. Во моментот нема некоја специфична вакцина, сеуште е во фаза на испитутвање и развивање, богатите, вискоразвиени земји веќе се во престиж за изнаоѓање на вакцина против КОВИД 19 , но има некои земји кој што ја пуштија во оптек и веќе започна со вакцинирање на населението.
Развивањето, употребата методите на добивање и други работи во однос на вакцната ќе ја оставам на колегите кој што се компетентни во таа област. .
Дали препорачувате вакцина против грип за сите кои имаат кардилошки проблеми?
Сите овие години наназад на сите мои пациенти им препорачувам да се вакцинираат против инфлуенца. Самата вакцинација против грипот овозможува да оние пациенти кој што имаат посериозни срцеви заболувања да не настане влошување на општата состојба, а со тоа и да се избегне хоспитализацијата.
Рана есен е период кога се врши вакцинација против инфлуенца(грип), кој што се спроведуваа во соодветите центри, односно диспанзери низ државата.
Искрено им препорачувам на пациентите со посериозни срцеви нарушувања навремено да се вакцинираат против инфлуенца(грип).
Ќе има ли доволно термини на мој термин за сите за кои беа одложени прегледите?
Да , се разбира, како што спомнав претходно комплетно се организиравме, дополнително отвориме повеќе кардиолошки амбуланти , се зголемија бројот на термини за дијагностичките процедури се со цел да ги прифатиме што е можно поголем број на пациенти. Секој пациент ќе биде соодвенто прифатен, прегледан и згрижен.
Се надевам дека и ресорното министерство ќе ги воочи и реши проблемите што се појавија изминатиот период во нашата болница, дека ќе ни одговорат на барањата кој за нив се веќе познати кој би придонеле подобро функциониранње и подобра организација и подобри услови за работа на лекарите ,а сето тоа е да се овозможи подобра здраствена заштита на пациентите во нашата установа .
Секоја искажана доверба кон нас од страна на пациентите е мотив да работиме повеќе.
Валентина Ангеловска