Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет, туку единствен што тоа го нема е лидерот Христијан Мицкоски, изјави во „10 Минути“ на ТВ21 Игор Есмеров од ВМРО-ДПМНЕ, по се почестите обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е партија без демократски капацитет.
-ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет, меѓутоа Христијан Мицкоски дефинитивно нема демократски капацитет, мислам дека тотално е залутан во политиката“, порача Есмеров.
Тој смета дека Мицкоски требало да си поднесе неотповиклива оставка без да го праша Централниот Комитет.