Нашите академски работници имаат проблем со платите и со финансиската моќ. Додека во регионот професорите имаат над илјада евра плата, најголем број од образовните работници кај нас имаат до 40 илјади денари, и немаат интерес или самодоверба дека работите некогаш можат да се сменат на подобро. Ова го покажуваат електронските анкети за мерење на перцепциите во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар организирана од Независниот академски синдикат (НАкС).
да се променат работите, а тоа произлегува од статусот на високо образовните институции и високо образовниот кадар, и научните институции и научниот кадар. А статусот според Заревски, е секогаш во поларизација и со пазар на трудот.
Како што посочи професорот, над 120 од 200 испитаници, односно над 50 отсто имаат плата од 30 до 45 илјади денари. Помалку од 40 испитаници имаат од 20 до 30 илјади, а 40 проценти од 45 до 60 илјади. Помал број од испитаниците имаат над илјада евра, односно над 60 илјади денари.
-Постои проблем со платите и со финансиската моќ на академскиот кадар, рече Зафировски и појасни дека на едно индикативно прашање со кое се обиделе да дознаат дали испитанциите ја знаат сумата која МОН ја уплаќа на матичната институција за нивните плати, произлегува дека се запознаени околу 54,3 отсто од испитанциите, а 45,7 не се запознаени.
Следното прашање од анкетата е од скала од 1 до 5 да се оцени задоволството од издвојувањето на државата во однос на платата, со што од над 140 испитаници, две третини воопшто не се задоволни. Имаат став дека не се задоволни од издвојувањето на државата сметајќи дека платата во основа доаѓа од државата, но никогаш не се заинтересирале колкава точно сума или колкав дел издвојува државата.
Според Зафировски, ова е исклучително проблематично кога станува збор за луѓе вработени во академската сфера, да се чувствуваат немоќни дури и кога станува збор за нивната плата.
-На скала од 1 до 5 да оценат колку од платата можат да си обезбедат квалитетен живот, тука 2,3, поточно најголем број испитаници сметаат дека не можат да си овозможат квалитет живот со плата која ја заработуваат на месечно ниво. Фокусот на нивното интересирање очигледно ќе биде како да обезбедат квалитетен живот особено за нивното семејство а тоа секако ќе влијае и врз квалитетот на нивната работа, рече професорот.
Прашани колку сметаат дека треба да биде основната плата, најголем број од испитаниците сметаат дека треба просечната плата да биде над 65 илјади.
-Што се однесува до припадноста или вработеноста во високо образовните и научни институции на испитаниците 52,3 отсто од испитаниците се вработени на факултет, на научните институти кои се единици во рамките на универзитетот се вработени 4,3 отсто од испитаниците , 3,4 отсто од испитаниците се вработени во јавни научни установи кои се придружни членки на Универзитетот што најверојатно се поклопува и со структурата на бројот на вработени во видот на институциите, најголем број од вработени се вработени на факултетите, рече Зафировски.
Кога станува збор за вработените места над 50 години, односно 50,5 отсто се редовни професори што како што појасни професорот, укажува дека особено на УКИМ долго време нема подмладување на кадарот, само 3,8 проценти од испитаниците се асистенти.
Што се однесува до родовата припадност на испитаниците, 53,4 отсто се од женски род, 46,6 отсто се од машки род што ни укажува дека постои избалансираност.
-Од овој дел на прашалник може да заклучиме дека имаме системски проблем на несоодветно финансирање на образованието, тоа е длабок проблем, веројатно настанува во текот на низа, декади или може лесно да биде надминат. Во секој случај во интерес е и на академската заедница и на општеството, на пошироката јавност овој проблем да почне да се надминува со заеднички сили затоа што функционалноста на академската заедница всушност влијаат директно на развојот на целото општество, истакна Зафировски.
Истражувањата се спроведени во рамки на проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ” раководен од Независниот академски синдикат, а финансиран од ФOOM.