Дебитантот во англиската фудбалска Премиер лига, Лидс јунајтед е пред финализирање на зделката за играчот за врска на Баерн (Минхен), Мишел Куисанс, пренесе новинарот Фабрицио Романо.
Дваесет и едно-годишниот играч за врска ќе потпише договор до летото 2025 година, а за неговите права англискиот клуб ќе плати околу 20 милиони фунти. Баерн Минхен ќе има опција да го откупи играчот назад.
Куисанс го напушта Баерн по само една година во тимот, откако се надева на поголема минутажа. Според Романо, Французинот имал понуда од друг клуб во Премиер лигата, но тој ја претпочитал понудата на Лидс.