Арсенал и Манчестер Јунајтед се договориле за продажба на дефанзивецот Мејтланд-Најлс (23). Трансферот се очекува да изнесува 20 милиони фунти со можност за дополнителен пораст преку одредени бонуси.
Работата според она што се пишува е 80% завршена и се очекува наскоро да има и официјална потврда за трансферот на 23 годишниот дефанзивец.
Мејтланд-Најлс комплетната кариера ја помина во Арсенал. Единствено беше на позајмица во Ипсвич, клубот сега одлучил да го продаде на „Олд Трафорд“.
Најлс е пред заминување, а веќе сигурно е дека клубот ќе го напушти Сеад Колашинац кој ќе се пресели во Бундеслигата во редовите на Баер Леверкузен.