На денот на годишнината Кочовска му измери притисок на Предраг: Слават 25 години во брак

Тања Кочовска и Предраг Павловски пред точно 25 години, на денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак – денес тие одбележуваат годишнина.

Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски.

Тања одамна ја има споделено и нивната интересна љубовна приказна, нивните први љубовни средби и како Предраг ја побарал за жена.

Плод на нивната љубов е ќерката Нела.

За годишнината, Кочовска, во свој стил, на својот фејсбук профил објави фотографија на која му го мери притисокот на сопругот Предраг.

Преземено од Женски магазин

Треба да знаете
Последни објави