Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова остро ги отфрли критиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека го навредила унгарскиот народ.
„ Никогаш не сум го навредила унгарскиот народ. Во демократијата, ничија работа не е над критиката“ рекла таа за порталот „Политико“, одговарајќи на барањето на Орбан да биде сменета од функцијата.
Орбан вчера побара оставка од Јурова поради нејзините „погрдни јавни изјави“ за демократијата во Унгарија.
„ Според зборовите на потпретседателката Јурова, во Унгарија е изградена „болна демократија““ напиша Орбан во писмото до претседателката на ЕК, Урсула вон дер Лајен, од која побара смена на Јурова, што според него е навреда за унгарскиот народ.