Кампањата на кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари за само еден час, јавија американски медиуми. Тоа се случи по првата тв-дебата меѓу Бајден и Доналд Трамп, што се одржа во Кливленд.
Висок советник на Бајден, како резултат на хаотичната и непријателска дебата за која некои веќе тврдеа дека е најлошата во американската историја, вели дека тој ќе учествува на преостанатите дебати со Трамп.
– Да, Џо Бајден ќе се појави, рече Кејт Бедингфилд, заменик-менаџер на кампањата, по дебатата.
– Тој ќе продолжи да зборува директно со американскиот народ.
Таа истакна дека следната дебата, закажана за 15 октомври во Мајами, ќе се води во формат на градско собрание, во која ќе доаѓаат прашања од неопределените гласачи, што тие ги сметаат за „сила” на Бајден.