Претседателот на хрватскиот Сабор 14 дена во самоизолација

На претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ и на потпретседателот, Жељко Рајнер им е наложена 14-дневна самоизолација, бидејќи биле во контакт со лице заразено со коронавирусот.

Според хрватските медиуми, Јандроковиќ нема симптоми на болеста, а за време на неговото отсуство, седниците ќе ги водат потпретседателите на Саборот.

Изолацијата е наложена и за потпретседателот на Парламентот Рајнер, секретарот Давор Орловиќ и уште четворица вработени во кабинетот на Јандроковиќ.

Прес службата на хрватскиот Парламент објави дека мерката самоизолација ќе биде во сила до 12 октомври.

Треба да знаете
Последни објави