На денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ сведочеа неколку и неколку бизнисмени, кои побараа милионски обештети поради незаконското присклушкување, поради кое трпел нивниот бизнис.
Меѓу нив е и Снежана Јовановска-Трајковска, сопственик и основач на турисичката агенција “Орфеј”.
-Во периодот од 2008 до 2015 година користев неколку мобилни броеви. До СЈО поднесов барање писмено барање за да видам дали моите броеви биле незаконски прислушкувани. Знаев дека ме прислушкуваат бидејќи ми ги раскинуваа сите тендери. Пресметката беше институционална против мене и брендот „Орфеј“. Барам отштета. Виновни се и телефонските оператори кои дозволиле да бидам прислушкувана. Штета од изгубени мои пресуди кои секогаш паѓаат кај исти судии се над милион евра. Барам три милиони штета, рече сведокот.
И сопственикот на Компанијата ,,Еуроактива”, Нухи Алиу, даде исказ како оштетен, кој наведе дека претрпената штета е над 10 милиони евра.
-Во 2012 година бев дел од монтиран процес против мојата фирма, кој е квалификуван како тенденциозен, со намера да ми наштетат. Сомнението произлезе од начинот на кој беше спроведена контролата, со хермелини и полицајци со автоматски пушки. Во СЈО за овој случај сум давал изјава три часа. Мојата штета е огромна и не може да се плати со пари, рече сведокот Алиу.
Хари Костов, извршен директор на ,,Комерцијална Банка АД Скопје”, денеска во сведочењето укажа какви штети можно е да претрпеле компаниите со кои соработувала банката додека тајната полиција му ги слушала разговорите.
-Лично не се чувствувам оштетен, но институцијата каде што работам можеби претрпела штета. Дел од прислушуваните разговори се однесуваат на моите разговори со директорите на банката кога сум бил надвор од државата, и кога побарале од мене гаранции за лицитација за некои градежни компани. Тој што ги прислушувал разговорите можел информациите што ги слушал да ги даде на некоја конкурентска компанија. Таквите прислушкувани разговори можеле да направат штети кај фирмата која барала гаранција од нас“, рече сведокот Костов.