Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити

Ве известуваме дека се објавени редовни статистички соопштенија на Народната банка.

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: август 2020 година

Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити 

Во август: Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,73%; Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,99%.  Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2020/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2020_avgust_mk.pdf

Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција: втор квартал 2020 година

На крајот на вториот квартал од 2020 година: 

Нето надворешниот долг изнесува 2.953 милиони евра (или 27% од БДП), што претставува зголемување за 39 милиони евра. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг (од 63%).

 Бруто надворешниот долг изнесува 8.782 милиони евра (80,3% од БДП) и забележа квартален раст од 472 милиони евра;

 Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.829 милиони евра (53,3% од БДП) и забележаа зголемување од 433 милиони евра;

 Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.719 милиони евра, или 61,5% од проектираниот БДП за 2020 година и на квартална основа бележи зголемување за 25 милиони евраОд аспект на структурата на нето МИП, 86% се однесуваат на нето-обврски по директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2020/Soopstenie_Dolg_MIP_Kv.2_2020.pdf

Треба да знаете
Последни објави