Рос Баркли го напушти Челзи и остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Астон Вила.
Челзи ова лето значително го засили средниот ред, што значеше дека Баркли ќе добие споредна улога во филозофијата на Лампард и со потрага по поголема минута се реши да ја прифати понудата на тимот од „Вила Парк“, која вклучува едногодишна позајмица.
„Среќни сме што добивме играч од ваков калибар. Баркли има 33 настапи за Англија и 55 за Челзи. Сигурни сме дека со неговото искуство, нашиот тим ќе добие многу на квалитет“, велат од редовите на Астон Вила.
Баркли пред три лета како големо засилување пристигна од редовите на Челзи, но на „Стемфорд Бриџ“ никогаш не го покажа својот голем потенцијал. За „карамелите“ долги години беше водечка сила во офанзивата, настапувајќи на 150 натпревари на кои постигна 25 гола