На 30.09.2020, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Ц.(36) од Тетово, кој се барал со наредба од Основниот суд Тетово.
Приведениот се бара за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.