Умит Каран ќе биде старо-новиот тренер на Шкупи

Клубот од Чаир потврди дека наследник на Муарем Бајрами  на жешката клупа кај Шкупи ќе биде старо-новиот турски фудбалски стручњак Умит Каран. Некогашниот репрезентативец на Турција во текот на денешниот ден треба официјално да биде промовиран како но предводник на Шкупи, со договор до крајот на сезоната.

Муарем Бајрами доби отказ по поразот од Струга Трим Љум со 2-0 во саботата, а клубот еден ден по неговиот отказ ја пронајде замената.

 

Треба да знаете
Последни објави