Фекалниот колектор во Ѓорче Петров ставен во функција со полн капацитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како јавен сервис во служба на граѓаните, континуирано ги насочува своите работни активности кон исполнување на потребите на граѓаните.

Заради несовесно и неодговорно однесување на граѓаните, фекалниот колектор ф500 долж ул. Лука Ѓеров, во општина Ѓорче Петров долго време не функционираше со својот полн капацитет. За таа цел, беше откопан на длабочина од 4 метри при што беа отстранети причинителите за неговото затнување. Од увидот на терен беше потврдено дека за долгогодишната нефункционалност на колекторот придонел човечки фактор.

„Повикуваме, граѓаните и сите чинители во ова општество, навистина, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно, што беше и мотото на кампањата за подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и системот за одведување на отпадни води со цел заштита не само на системот, туку и на животната средина, како и создавање на услови за подобрување и унапредување на двата система, животната средина, урбаната средина и квалитетит на животните услови воопшто“ – нагласи г-дин Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Со ова повторно се воспостави нормален режим за одведување на отпадните води во овој дел од градот Скопје.

 

 

Треба да знаете
Последни објави