Унгарски Ференцварош, украинскиот Динамо Киев и грчкиот Олимпијакос изборија пласман во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите, додека Гент, Омонија и Молде ќе го продолжатна евро сцената во второт по ранг клупско натпреаврување Лига Европа.
Во Новрешка Молде и Ференцварош ремизираа 3:3, а и реваншот во Будимпешта меѓу овие две екипи заврши без победник (0:0), па унгарскиот тим блгодарение на головите постигнати во гости продолжува во елитното натпреаврување.
Киевски Динамо на домашен терен со 3:0 ја потврди победата над Гент од првиот натпревар со 2:1. Стрелци на головите неа Виталиј Бујалски во 9, Карлос Де Пења во 36 минута од пенал и Жерсон Родригез исто така од пенал во 49 минута.
Олимпијакос во Пиреа ја совлада кипарска Омонија со 2:0, а во реваншот во Никозија одигра без голови.
Денеска се играат уште три натпревари од плеј офот за пласман во групната фаза: ПАОК – Краснодар (1:2 во првиот меч), Мидрјиланд – Славија Прага (0:0) и Салцбург – Макаби Тел Авив (2:1).