Осврнувајќи се на ставот на Здружението на средношколци, министерката за образование Мила Царовска вечерва истакна дека таа е во постојана комуникација со Здружението и дека ги следи нивните барања.
-Со здружението на средношколци сум во постојана комуникација, тие се наши партнери, и нивното барање, дека ако во месец ноември имаме стабилна епидемиолошка слика, да почне настава со физичко присуство, е сосема оправдано и нормално е и дека ние сакаме да има полни училници ако епидемиолошката состојба тоа го дозволува. Ние се прилагодуваме на состојбата, оваа не е ниту мој хир, ниту хир на министерот за здравство, ова е нужност и ние сме должни да обезбедиме настава која ќе биде целосно безбедна по здравјето на наставниците и учениците“, порача министерката Царовска.
Таа додаде дека оваа учебна година ќе биде диманична, но постојано се работи со родителите, со наставниците, со учениците и градоначалниците, за да се обезбедат услови за успешен и целосно безбеден наставен процес.