Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој вчера доби условна затворска казна за случајот „Шамари во Центар“ ќе бара отшета бидеји бил прислушкуван.
Денеска во Кривичниот суд во Сскопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување, на кое сведочат политичари, бизнисмени и новинари кои биле прислуувани.
Судот информираше дека Јанакиески поднел пријава како жртва, па му предлага на Јавниот обвинител да го пријави во случајот „Таргет-тврдина” како сведок кој претрпел штета и нарушена емотивна стабилност.
Тој како обвинет во неколку предмети, во кои како докази се користат прислушкувани разговори во кои тој е учесник, вели дека е еден од лицата кои најмногу биле прислушувани, па претрпел емотивно страдање.
Денеска во судница од затворот Идризово беше донесена и Гордана Јанкулоска, која со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се меѓу обвниените во „Таргет-Тврдина“.